Friday, June 15, 2012

Св. Билборд

Ок, признавам... на прв поглед наседнав и јас и помислив дека е реклама. Но, после 5 секунди откако го видов и логото на печатницата доле десно, сфатив дека не е реклама за конкретен производ. Мислев дека се работи за тизер за "Скопје Креатива", бидејќи беше и нивното лого под она на "Полиестердеј". Откако го "искинаа" билбордот, се разјасни дека станува збор за дел од поставката на проектот "Скопје Креатива". Нејсе.

Лошо е тоа што го цензурираа. Да, стварно е удар за уметноста. Да, стварно е удар и за оние кои најпрво си го искористија "чудото" за своите цели, а потоа забрануваат и некој друг да го користи за своите, не битно дали уметнички, религиски или политички, цели.

За "чудото" како "чудо", не сакам да зборувам. Максимално ги почитувам чувствата и ставовите на оние кои го почитуваат и веруваат во истото, но исто така и на оние кои не се убедени во неговата реалност.


Бидејќи во неколку наврати денеска слушнав дека агенцијата под чија "капа" е билбордот е виновна за цензурата на делото, сакам да кажам збор-два за билбордските работи, конкретно во Скопје.

Билбордите во Скопје (како и во секој друг град, секако), се под надлежност на Градот, кој ги издава локациите на билбордите на фирмите чија основната дејност е надворешен адвертајзинг. Односно, Градот Скопје им дава годишна дозвола да постават свои билборди и да ги издаваат за своја сметка на однапред утврдени локации, според план. И, така, во текот на една година, агенциите ги издаваат билбордите и наплатуваат за таа своја услуга и потоа на Градот му плаќаат билбордарина. (да напоменам само дека ова не важи за "билбордите" поставени на фасадите на зградите, бидејќи тие се сметаат за приватна сопственост.)

Според договорот за билбордарина, Градот нема право да се меша во содржината на билбордите. Нормално, агенциите се обврзани да се раководат според оние, најчесто непишани, правила за етичност и моралност во надворешното рекламирање.

Секако, Градот нема право директно да влијае, но може многу силно индиректно да влијае врз соджината, а богами и врз несодржината на самите билборди, со моќната алатка наречена билбордарина. Ова би го конкретизирал со две-три прашања, за кои сите Вие си ги имате одговорите: зошто на последните предвремени избори, сите билборди беа црвени и немаше ниту еден единствен син билборд? Бидејќи во тоа, а и во ова време, Градот беше црвен, дали мислите дека Градот воопшто платил за услугата и дали Градот бил тој кој што евентуално ставил "вето" за сини билборди? Дали и во овој случај, Градот пробува да го заштити "чудото" од евентуалното несогласување со истото? Комбинации има многу, оставам на Вас...

На крајот на краиштата, не треба многу да им се замери и на агенциите кои што оперираат со билбордите, бидејќи се работи за профитни ентитети. А, за пари, се добива сè ... а, гледаме и дека се продава сè. 

Sunday, June 10, 2012

Најдобра телевизија во Македонија

Ретко гледам телевизија. А, кога гледам телевизија, сакам да видам нешто.
Мојата омилена телевизија е Едо ТВ. А, Едо ТВ е најдобрата телевизија.
Некои посериозни фраери (кои што имаат макстеве) би рекле дека Едо е македонската ЕјџБио. Во 90% од случаите, истото би го потврдиле и оние што немаат макстеве. Значи, тоа е.

Прво, на Едо даваат документарци. И, тоа архаични. Ама, добри. Јако добри. Со тоа, може да се каже дека се и македонски Енимал планет. А, во најголемиот број случаи, античко Хатеве. Респекат!

Второ, на Едо даваат тинејџерски филмови или филмови за млади. Дават и цртани. Нормални цртани, наменети за деца. На Шител и Анал 5, во тие термини оди "Малечката невеста"/"Зет Домазет", бидејќи нивните истражувања покажале дека најчесто поставувано прашање кон децата е "Кога ќе те мажиме/жениме (или двете)?" Bitch, please...

Трето, и многу битно, на Едо има вести. Непристрасни. Објективни. И, со премногу симпатична презентерка, со неодолив босански акцент. Милина. И, што е најбитно, фазла ролка не носи!

Четврто и уште побитно, Едо има Шоубиз емисија, наменета за шоубизнисот. И, да, не е клошарска за да организираат Мисици како Секстејџ или пак испотено-комерцијална како бледата копија на Деклузив со Ненад Величе Ствениот. Шоубиз си обработуваат вести од странство, бидејќи одамна сфатиле дека во Македонија нема вести од таа проблематика.

Петто и најбитно, на Едо ТВ се емитуваат филмови пар екселанс. Значи, крај на муабетот, не сакам да чујам курчење. Искрено, фалусот ме заболе дали биле торенти или не. Додека за македонските телевизии поим за "акција" e Езел или Долина на Волците, на Едо цела вечер "у велико" се распуцаваат Статам, Вилис, Смит, Сталоне...

Последно, но не и најнебитно, и Едо ТВ имаат портал. Односно, сајт. И, многу им е лом, односно хипстерски! Ама, не го кажуваат секогаш на вести. Ниту, пак се курназат дека им бил најпосетен. Исто така, имаат Facebook fan page и никогаш не се лигават како Алфалфа, па да не замараат да ги следиме и таму.

Едо факин' ТиВи рулс! Респект!