Wednesday, September 5, 2012

#првапостава, #вторапостава и јас

Прва постава, батка, си беше институција. Институција од рангот на СТО, иако бевме мал клуб. Таму беа сите фраери, пијаници и клошари кои што малку повеќе спиеја со топката отколку што беше препорачливо. Јас често пати гравитирав околу нив, во класата клошари, поткласа задњи везни. Имаше и екскурзии до лева полутка. Речици и секогаш да бев "у прва", не поради мојот памет, туку најчесто поради туѓата глупост. Нејсе...

Втора постава... е, тоа, батка беше институција. Таму беа сите wannabe пијаници и клошари, ама поради недостаток на фраерлук и муда, имаа само мали излети во прва постава... Но, секогаш и повеќе од заслужено... Тоа беа едни жилави копилиња кои што ги сакаш повеќе од девојка ти, а ги мразиш повеќе и од најдобриот играч на ривалот, на кој што патем и му се восхитуваш... 

Најбитното од се' е тоа што ривалството помеѓу прва и втора постава беше на ниво трета светска војна... иако, во тоа време баш и ме болеше курот за првите две. Заедно живееме, заедно спиевме, заедно јадевме и заедно победувавме... но, и секогаш заедно плачевме. Иако, единствени фанови си бевме само ние самите и си ја живеевме нашата историја... сепак, бевме едно нешто што вие некогаш тешко дека ќе бидете... бевме ТИМ. 

Наместо заклучок, ќе кажам само едно: магијата на прва и втора постава е толку врежана во гените на некои луѓе... што било какви споредби со некакви си банални средби помеѓу рандом луѓе... навистина е малку... неприкладно... Нема везе... 

п.с. Се извинувам што постов ќе го искористам во лични цели, но не ми изгледа здрава опција да избегам како пиченце некое... дојде време да се разделиме. Одамна размислував на ваков потег, но денес е денот... Причините се строго лични и персонални. И, тешко ми е, бе да ве ебам... тешко ми е како на Шабанаџович кога доби црвен со Аргентина... ептен... Ама, тајмлајн иде даље. 
Се надевам дека мајка нема да роди таков син што ќе ми го зафати user-от... не дека планирам да се вратам во брзо време... туку никој нема да може да ве изнервира како јас... а, ниту пак да ве насмее. 
Секаде сум се фалел, секаде се фалам и ќе продолжам да се фалам со твитер иницијативите... Ми знаете име, ми знаете број, повеќето од вас и лично ме знаат... така што, би ми било премногу драго ако заедно пак направиме некоја супер работа за која што со цел мерак би се фалеле... сите. И секаде. :-)

Ви посакувам многу здравје, уште повеќе среќа и успех, а најмногу љубов. 

Со искрена почит, 
и уште поискрена љубов, 
Стариот