Thursday, April 5, 2012

Неизживеано преживеан во живо

01:18 моментално иде Срвајвар, претходно закажан за снимање по нејзина инструкција. Се што ми е јасно од ова е дека завршува на ајвар. Или дека јас така го напишав. Нејсе. А, мене кренат до таван... и притисокот и адреналинот, а и она на кое што прво ти текна.

01:23 Жаре Бербер у кадар. Јао, па он то причаче још дуго. Па, то су валови, па фљора и много пауна.... Секако, нагло падна после ова... а, притисокот се зголеми дупло. Да, она гледа... гледа без да трепне... и нема појма дека ќе ја потсетам преку блог-пост што пропушта во моментов... но, сепак јас ќе си го земам моето после.

01:27 ох, става на пауза за да ми објасни нешто... Ово че бити мало дужа ноч предосечам... Ме виде дека пишувам... ми се налути што досега не сум и кажал дека сум си отворил блог. Леееј, кавга! Спомна раскинување... иххх, ова блогов опасна работа еј... Густо е!
Само за информација, за тоа погоре дека ќе си го земам моето после... после = задутре.

01:46 Предолг трет пасус. Добро, поради кавгата која ме деконцентрираше во минутите. Уште е љута. И многу непријатно изненадена. Богами и јас. На Срвајвар ништа ново. Онаа нашата зајачица праи муабет на тема: Сканија... можеби ќе купува камион. Не знам.
Мојава уште љута. Праам тактики како да се искупам. Ох, што сум отварал блог, море хеј!

01:50 На два памета сум дали да ја дирам или не. Вербално само... немој да ти лета паметот на нешто трето... оти во тој случај мене ми лета главата. Шоуто си тече. Имаат некаков племенски савет ако добро разбрав. А, нашава зајачица која збори, доле ја титлуваат. Мислам дека треба да има опција да избереш тајтл и на македонски. Поради граматика, првенствено...

01:53 Собрав храброст и ја прашав дали се љути. Ми рече тврдо НЕ, како Ф'нки од Блгарскиот Ајдол. Еј, зајачицава пак у кадар. Ја гледам и си мислам: оваа ако е зајачица, ондак јас сум зајчиште со дурацел батерии, тип ААА, на грбот. Титлувањето повторно има смисла, она никаква.

01:55 Осеќам дека ја гризе сумња. Знам дека е така кога си го крши лакот на ноктите. Знам дека пак ќе се објаснувам... и пак и пак и пак... Не е тоа проблем. Постов излезе лоша идеја.

02:00 Ноќта влезе во фаза доцна, подфаза млада. За мене долга. Шоуво ќе трае уште малце... Стана заморен, исто како и постов. Нашава ја избација со апсолутно мнозинство, плус Бадентер. Еј, и доста за нашава. Доста и беше. Да се вратам на мојата...

02:04 Кајрон со "гледачете"... Јас сигурно не... Мојата сигурно да. Кај мене иде кајрон со "правда чу се"... Јебига, Срвајвар... мора да се опстане. Ако не, ајвар.